Кари го намести „снајперот“: Пет минути шутираше тројки без промашување 🎥


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Американскиот кошаркар Стеф Кари уште еднаш покажа дека е неверојатен шутер. Ѕвездата на Голден Стејт вориорс на еден од тренинзите си го вежбаше шутот за три поени, а на видео-снимката може да се забележи дека повеќе од пет минути даваше кошеви.

Ниту еден шут не промаши, па од линијата за три поени по ред погоди дури 103 шутови. Иако го критикуваа дека не игра како во минатото, Кари со овој треинг ги замолче сите и покажа дека уште има магија во неговите раце.