Кари му го „помати“ умот на Дончиќ со неколку магични потези (Видео)


Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс, предводени од маестралниот Стеф Кари, остварија значајна победа над Лос Анџелес Лејкерс со конечен резултат од 123-116. Кари блесна на теренот со 37 поени, уште еднаш потврдувајќи зошто важи за еден од најдобрите стрелци во историјата на НБА.

По натпреварот, центарот на вниманието не беше само конечниот резултат, туку и еден специфичен момент од дуелот кој привлече големо внимание – судирот помеѓу Кари и словенечкиот ас Лука Дончиќ. Иако Дончиќ е познат по тоа што знае да ги понижи своите ривали со брзи потези и прецизни шутеви, овојпат тој беше жртвата на вештината на Кари.