Кари постигна 50 поени и обезбеди полуфинале за Голден Стејт (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Стеф Кари одигра неверојатен натпревар во мајсторката меѓу Сакраменто и Голден Стејт вориорс (100-120) и го предводеше својот тим до полуфинале на Западот.

Сакраменто ги доби првите две четвртини и на полувреме замина со предност од 58-56, но Голден Стејт во продолжение од средбата се разбуди и заигра многу подобро за да слави со 120-100.

Кари постигна дури 50 поени и постигна нов рекорд затоа што никој досега не успеал да постигне толку поени во мајсторка од плејоф-серијата.

Голден Стејт во полуфинале на Западот ќе игра против Лос Анџелес Лејкерс.