Кари се зарази со корона – цел тим заврши во карантин!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Целиот тим на Филаделфија остана во карантин по дуелот со Бруклин, откако беше откриено дека еден кошаркар имал коронавирус.

Станува збор за Сет Кари, чии резултати од тестирањето пред натпреварот биле позитивни, а веднаш кошаркарот заминал во самоизолација.

Екипата на Филаделфија ја очекува ново тестирање, по кое ќе биде познато што ќе прави тимот во иднина. Доколку има уште заразени, цел тим ќе остане во карантин.

Камерунскиот центар Џоел Ембид седеше во текот на првата четвртина на клупата покрај Кари. Филаделфија во мечот го доживеа вториот пораз во сезоната, откако загуби со 109-122.