Кари со 36 поени го водеше Голден Стејт до победа против Орландо (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американскиот кошаркар Стеф Кари му помогна на Голден Стејт да слави против Орландо со 121-115, додека Ембид со трипл-дабл ја израдува Филаделфија против Чикаго (110-97).

„Воините“ беа одлични против Орландо во завршницата од натпреварот, а Кари постигна дури 36 поени, додека на спротивната страна најефикасен беше Банчеро со 27 поени и 12 скокови.

Филаделфија беше сигурна против Чикаго со 110-97, а на паркетот блесна Џоел Ембид со 31 поен, 15 скокови и 10 асистенции, додека Дерозан кај Чикаго постигна 16 поени.

На останатите натпревари, Мемфис го надигра Сан Антонио со 106-98, Њу Орлеанс беше подобар од Бруклин со 127-123, а Сакраменто загуби од Шарлот со 104-111.