Кари со 39 поени го наполни кошот на Њу Орлеанс (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голден Стејт вориорс славеше со 120-109 против Њу Орлеанс пеликанс и остана во трката за пласман во плејофот на НБА-лигата.

Одличен натпревар одигра Стеф Кари, кој постигна дури 39 поени, а го следеше Клеј Томпсон со 17 поени. Додека на спротивната страна најдобар беше Брендон Инграм со 26 поени.

Вашингтон славеше против Бостон со 130-111, а Кристапс Порзингис постигна 32 поени, 13 скокови и шест асистенции.

Останати резултати:

Атланта – Кливленд 120-118
Торонто – Мајами 106-92
Мемфис – Орландо 113-108
Оклахома – Шарлот 134-137