Кари со неверојатна тројка против Лејкерс го воодушеви и татко му (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Стеф Кари докажа зошто важи за најдобар шутер во историјата на НБА-лигата, откако во финишот на третата четвртина против Лос Анџелес Лејкерс постигна неверојатен кош со кој го воодушеви и неговиот татко.

Кари го заврши натпреварот со 20 поени и 12 асистенции кои беа доволни за Голден Стејт да израмни на 1-1 против Лејкерс во полуфиналната серија на Западот.