Кари со звукот на трибината го урна Феникс (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голден Стејт вориорс славеше со 113-112 против Феникс санс, а херој во победничкиот тим беше Стеф Кари кој постигна тројка во последната секунда.

Голема борба се водеше во самата завршница на натпреварот, а на околу 30 секунди пред крајот, Букер им донесе водство на гостите од 112-110.

Потоа следеа промашувања на двете страни, по што Кари ја презема одговорноста во завршницата и погоди за триумф од 113-112.

Останати резултати:

Далас – Оклахома 146-111
Клиперс – Детроит 112-106
Бруклин – Сан Антонио 123-103
Шарлот – Мемфис 115-106
Орландо – Чикаго 114-108
Вашингтон – Филаделфија 113-119
Атланта – Хјустон 122-113
Торонто – Кливленд 95-119