Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Карло Анчелоти би можел на крајот на сезоната да го напушти мадридскиот клуб. Новата работа нема долго да чека бидејќи во текот на летото би можел да ја преземе репрезентацијата на Бразил.
Ерата на Карло Анчелоти во мадридскиот Реал може да дојде до крајот на оваа сезона. Сепак, тоа нема да биде крај на неговата тренерска кариера бидејќи би можел да ја преземе селекторската позиција.
Фудбалскиот сојуз на Бразил одамна е заинтересиран за неговите услуги. Првиот обид да го доведат не беше успешен, но решиле повторно да се обидат да го привлечат.
Шпанскиот новинар Едуардо Инда открива дека Бразилците се решени да го ангажираат Анчелоти и цврсто веруваат дека ова е неговата последна сезона во Мадрид.
“Фудбалскиот сојуз на Бразил уште еднаш му пристапи на Карло Анчелоти. Сметаат дека столицата му е разнишана во Мадрид и дека може на крајот од сезоната да заврши неговата одлична епизода во клубот. Анчелоти и Guardiola се опции за Бразил”, рече Инда.