Карлос Бака на пат кон Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Колумбискиот напаѓач Карлос Бака може во ова лето да ја напушти екипата на Милан.

Како што наведува Кадена Сер, одличниот напаѓач може да го облече дресот на мадридски Атлетико, кој сериозно е заинтересиран за неговите услуги.

Јорганџиите за услугите на 30-годишниот спремни се да платат 30 милиони евра, но прашање е дали Колумбиецот ќе сака да го напушти Милан после одличната сезона?

„Приоритет ми е Милан. Знам дека имам понуди од Шпанија, Англија, Франција и Германија, но ќе разговараме кога ќе се вратам во клубот“, рече неодамна Бака.

Со договор Колумбиецот со Милан е врзан до 2019 година, стигна во минатата година од Севиља, а во првата сезона на Сан Сиро постигна 20 погодоци.