Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Вилијамс оваа година направи голем напредок, но сега реши да го стопира понатамошниот развој на болидот за сезоната 2025 за целосно да се фокусира на новите правила кои стапуваат на сила во 2026.
Иако резултатите покажуваат дека тимот ја има најдобрата сезона од 2017, нивната стратешка одлука не го воодушеви Карлос Саинц.
Шпанецот, кој годинава пристигна од Ферари, вели дека е „фрустриран“ затоа што гледа огромен потенцијал во болидот FW47.
Саинц смета дека со неколку технички подобрувања значително би се подобрил болидот, но целиот ресурс тимот сега го пренасочува за 2026.
„Мислам дека овој болид има многу потенцијал“, рече Саинц за DAZN. „Доколку би можеле да развиеме тоа што го барам, две или три работи кои сѐ уште не функционираат, убеден сум дека би направиле голем напредок.“
Фотографија: Принтскрин