Карвахал има едноставно решение за неговата иднина


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Дани Карвахал ги одработува последните месеци од неговиот договор со Реал Мадрид, откако неговиот договор завршува на крајот на сезоната.

Карвахал сака да остане во Мадрид, но за тоа ќе мора да реагира и претседателот Флорентино Перез.

„Ако сите страни на тимот се согласат, тогаш би го продолжил договорот со Реал Мадрид. Тоа сум го сакал во секоја фаза од мојата кариера. Не би играл за ниту еден друг тим во Европа“, кажа Карвахал.

Перез нуди само едногодишни договори на фудбалери кои имаат над 33 години, па можеби ќе се реши истото да го направи и со Карвахал.