Карваљо го напушти Монако


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дефанзивецот на Монако, Рикардо Карваљо од денеска е слободен играч.

Карваљо кој со Португалија ова лето го освои светското првенство од денеска е играч без клуб после три поминати години во тимот од југот на Франција, Монако.

На сајтот на Монако известија дека нов договор на Карваљо не му е понуден.

„Чест е што имавме таков играч во нашиот тим“ – изјави Вадим Васиљев, потпреседател на Монако.

Карваљо за Монако потпиша во 2013 година, и му помогна на својот тим да стигне до 1/4 финале во ЛШ во 2015 година.