Касано: Халанд ќе даде 90 гола, но тој не е најдобар напаѓач на Сити!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поранешниот италијански репрезентативец Антонио Касано кажа дека Ерлинг Халанд не е најдобриот напаѓач на Манчестер сити, иако Норвежанецот постигна 10 гола во првите шест меча во Премиерлигата.

Халанд урна неколку рекорди и веќе запиша два хет-трика, но Касано смета дека Хулијан Алварез е многу подобар напаѓач од норвешкото чудо од дете.

Алварез од почетокот на сезоната одигра само 147 минути, а притоа запиша два гола за „граѓаните“.

„За мене Алварез е подобар напаѓач од Халанд. Ерлинг ќе постигне 90 гола, тој е силен, но Алварез е тимски фудбалер. Тој е поквалитетен од Халанд“, кажа Касано.