Касано удри по Донарума: Ако си најдобар во свет, тогаш нема да играш во ПСЖ!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума го засили ПСЖ и потпиша договор до 2026 година со францускиот гигант, каде што ќе има конкуренција од Кејлор Навас.

Донарума си замина како слободен играч од Милан, а жестоки критики до голманот испрати поранешниот фудбалер Антонио Касано.

Касано смета дека Донарума не требало да замине во ПСЖ затоа што тоа најдобрите во свет не го прават.

„Ако е најдобар голман во светот, тогаш зошто не го бараа Баерн Минхен, Реал Мадрид или Барселона. Мануел Ноер има 36 години, а Донарума е најдобар во свет? Тогаш требаше да замине во Баерн Минхен, а не да потпише за ПСЖ“, смета Касано.