Касемиро го откачил Јунајтед – извинете, погрешен број и им спуштил!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер јунајтед не може да најде добри засилувања за следната сезона, откако веќе беа одбиени од неколку врвни фудбалери, а во медиумите се појави шпекулација дека се обиделе да го купат и Касемиро од Реал Мадрид.

Тренерот Ерик Тен Хаг бара засилувања, но раководството не може никого да го ангажира, па останале со празни раце и кога го побарале Бразилецот Касемиро.

„Марка“ објави дека „ѓаволите“ му се јавиле на Касемиро, но тој веднаш ги откачил откако им кажал дека бројот е погрешен и им спуштил.

Касемиро е еден од најважните фудбалери во екипата на тренерот Карло Анчелоти и заедно со Лука Модриќ и Тони Крос освоија по пет европски титули во последните осум години.