Касемиро не ги штеди ривалите, а овој пат настрада и судијата! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот репрезентативец Касемиро е познат како агресивен фудбалер, но во исто време ужива и голема почит кај противниците.

Касемиро во победата од 1-0 на Реал Мадрид против Севиља одигра одличен меч, а заработи и предупредување поради жестоките стартови врз противниците.

Во еден момент Касемиро во желба да стигне до топката го „покоси“ и главниот судија Ернандез, кој се насмеа и го прифати извинувањето од Бразилецот.

Само два дена претходно Касемиро го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2025 година и 29-годишниот играч останува важен член на екипата од главниот град на Шпанија.