Касемиро: Не го избрав Манчестер јунајтед поради парите! (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Бразилскиот репрезентативец Касемиро пристигна во Манчестер јунајтед, откако претходно реши да го напушти Реал Мадрид по девет години.

Касемиро пристигна во Манчестер, каде што ќе заработува двојно повеќе пари отколку во шпанскиот гигант, односно ќе добива околу 350.000 фунти неделно.

„Тие што велат дека си заминувам за пари, тие не ме познаваат. Не се селам во Манчестер јунајтед поради пари. Тоа е еден од најголемите тимови во светот, а мене ми беше потребен нов предизвик. Чувствував дека мојата авантура во Реал е завршена и ми беше потребна промена“, кажа Касемиро.