„Касемиро никогаш не бил голем фудбал, туку само имаше среќа!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед синоќа славеше со 2-1 против големиот ривал Ливерпул, а претходно го претстави бразилскиот репрезентативец Касемиро како големо засилување.

Касемиро по девет години реши да го напушти Реал Мадрид затоа што му бил потребен нов предизвик и го избра Јунајтед како негова следна дестинација, а премиерлигашот за неговите услуги плати 80 милиони евра.

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Грем Сунес го критикуваше потегот на „ѓаволите“ да го купат Касемиро за 80 милиони евра затоа што смета дека Бразилецот не е добар фудбалер.

„Касемиро играше со одлични фудбалери во Мадрид. Тој не е голем фудбалер и никогаш не бил, туку имаше среќа. Никогаш не се радував да го гледам на теренот, но со нетрпение сакав да го видам Бензема“, кажа тој.