Касемиро очекува Винисиус да замине од Реал Мадрид?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Касемиро минатата година го напушти Реал Мадрид и потпиша за Манчестер јунајтед, но сè уште ги следи случувањата во неговиот поранешен клуб.

Касемиро беше еден од фудбалерите кои му дадоа поддршка на Винисиус по расистичките напади на „Месталја“.

„Не сум загрижен само како фудбалер, туку и како пријател на Винисиус. Сите сме разочарани што постојат вакви работи. Винисиус натера голем број играчи да се борат против расизмот. Не е првпат да се случува ова. Ла Лига мора да направи промени. Не би ме зачудило ако Винисиус реши да замине од Реал Мадрид“, кажа Касемиро.