Касемиро предложи играч на управата на Јунајтед, тие го прифатија предлогот и испратија понуда од 80 милиони евра


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Манчестер Јунајтед е во напредни преговори за да го доведе капитенот на Њукасл Јунајтед, Бруно Гимареш, за околу 80 милиони евра.

Управата на Манчестер Јунајтед одлучи сериозно да ја послуша препораката на својот клучен играч.

Каземиро лично го посочи Гимареш како идеален наследник на средината на теренот.

Бразилецот истакна колку е Бруно искусен на различни нивоа и колку добро поседува лидерски способности.

Понудата од 80 милиони евра покажува колку сериозна е управата во настојувањето да го зајакне тимот.

Гу=имареш веќе го докажа својот квалитет во Премиер лигата, а сега му се пружа можност да премине во еден од најголемите клубови во светот.

Средината на теренот на Јунајтед со него и Бруно Фернандеш ќе добие дополнителна стабилност и креативност.

Медиумите веќе шпекулираат дека комбинацијата од нив двајца на средината може да донесе нова димензија на играта на Црвените ѓаволи.