Касемиро со изјава пред дуелот со Борусија покажа на што се надева Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Касемиро е оптимист и даде охрабрувачка изјава пред дуелот меѓу Реал Мадрид против Борусија Менхенгладбах.

„Кралевите“ во среда ја пречекуваат Борусија и мора да победат ако сакаат да се пласираат во нокаут-фазата, а Касемиро испрати предупредување до гостите од Германија.

„Знаеме дека утре е најважниот меч во годината. Сите знаеме дека утре е финале и мора да играме како да е такво. Не размислуваме за ништо друго освен победа. Тие се на врвот и тоа мора да го почитуваме, но не сакаме ништо друго освен три бода“, кажа Касемиро.

Исто така, Касемиро кажа дека тој и неговите соиграчи размислуваат само за настапот во Лигата на шампиони, иако имаат можност да го продолжат натпреварувањето и во Лига Европа.