Касиљас не сака да се откаже: Прегледот во март ќе каже што ќе се случи со неговата кариера


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Шпанската легенда Икер Касиљас мораше принудно да ја прекине кариерата, откако доживеа инфаркт на тренингот на Порто, но нема намера на таков начин да ја заврши кариерата.

Касиљас тренира со полн интензитет, но за евентуално враќање на теренот ќе мора да ги почека тестовите, кои се закажани за март следната година.

Прегледот во март ќе биде важен за негово продолжување на кариерата. Докторите ќе донесат одлука дали може 38-годишниот голман да ја продолжи кариерата или тоа ќе биде крајот.

Додека ги чека тестовите, Икер не седи мирен, па сака да биде во форма во случај докторите да му одобрат враќање на фудбалскиот терен.