Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалските медиуми објавија дека легендарниот шпански голман Икер Касиљас итно бил примен во болница во Мадрид поради болки во градите.
Касиљас играл тенис со пријателите, кога забележал дека срцето му чука забрзано, по што се јавил кај неговиот личен доктор.
Поранешниот голман бил испратен веднаш на прегледи, по кои била исклучена можноста за срцев удар. Пуштен бил на домашно лекување и го советувале повеќе да внимава во следните денови.
Касиљас доживеа срцев удар на 1 мај 2019 година на тренинг на Порто, по што мораше да ја заврши кариерата. Со многу успех бранеше за Реал Мадрид на 510 меча од 1999 до 2015 година, додека на голот на Порто застана 116 пати.