Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од најдобрите голмани во историјата Икер Касиљас доживеа срцев удар на тренингот на Порто поради кој мораше порано да ја заврши кариерата.
Легендарниот шпански голман на први мај минатата година доживеа срцев удар по кој заврши во болница, а Касиљас сега открива детали кои малкумина ги знаеле.
„Малку луѓе го знаат ова, но господинот Жозе Мурињо беше меѓу првите луѓе со кои разговарав и кои постојано ми се јавуваат да ме прашаат како сум. Се променив по тој ден и се посветив на семејството за да минам повеќе време со нив“, кажа Касиљас.
Познато е дека Касиљас и Мурињо не беа во најдобри односи додека Португалецот ги предводеше „кралевите“, а тогаш шпанскиот голман го загуби и местото во првиот тим.