Касилјас конечно објасни зошто се скара со Мурињо: Сè почна по „Ел Класико“…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Икер Касилјас минатото лето реши да ја заврши кариерата и сега ја отвори душата за да објасни зошто во 2015 година го напушти Реал Мадрид.

Касилјас ја почна кариерата во шпанскиот гигант, каде што дебитираше во 1999 година и многумина беа сигурно дека во тимот ќе ја заврши кариерата. Сепак, во 2015 година се пресели во Порто и ја изненади јавноста.

За Касилјас проблемите почнаа кога Жозе Мурињо беше избран за тренер во 2010 година. Португалецот пристигна од Интер и се очекуваше да ја запре доминацијата на Барселона.

Меѓутоа, Мурињо немаше добри резултати со Реал, а од Барселона во првиот дуел загуби со убедливи 0-5, а Касилјас беше најголемата „жртва“.

„Имаше многу тензии во ‘Ел Класико’ во тие години. Барселона доминираше и ние баравме начин да ја запреме. Ми пречеше потегот на Мурињо, кога го боцна во око Тито Виланова, зашто такви работи се недозволиви. Потоа игравме против Леванте и тогаш престанавме да комуницираме. Јас му кажав што ми пречи кај него и тој ми се налути. Клубот се обиде да ги смири страстите, но односите се влошија. Проблемот почна околу Нова година кога беа кажани некои раоти. Ме обвини дека сум ‘крт’ во соблекувалната и станав жртва“, вели Касилјас.