Касилјас ги остави навивачите без зборови: Геј сум! (Фото)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот голман на Реал Мадрид, Икер Касилјас денеска ги остави сите без зборови откако објави статус на неговиот профил во кој напиша дека е геј.

Како „гром од ведро небо“ одекна статусот на легендарниот голман, по што навивачите напишаа голем број коментари и бараат да им ја каже вистината, односно дали се шегува или станува збор за некоја кампања.

Касилјас во минатото беше во љубовна врска со Сара Карбонеро, која работи како водителка, но неодамна се разделија, па овој статус на голманот доаѓа како вистински шок.

„Се надевам дека ќе ме почитувате. Јас сум геј“, напиша Касилјас, по што се приклучи и Пујол кој кажа дека е време да се открие приказната.