Касилјас го сподели видеото со кое Реал Мадрид ја нападна Барселона


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Реал Мадрид се брани од нападите на претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, кој ги обвини „кралевите“ дека веќе со децении имаат помош од судиите.

Лапорта го нарече Реал „клубот на режимот“ и го обвини дека нема право да ја напаѓа Барселона за случајот „Негреира“.

Овие напади предизвикаа одговор од Мадрид. Реал објави видео во кое се посочува дека каталонскиот гигант бил спасен од банкрот дури трипати од Генерал Франко.

По објавеното видео од „кралевите“, веднаш истото беше споделено и од нивниот поранешен голман Икер Касилјас.