Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот шпански голман Икер Касилјас наскоро ќе објави крај на кариерата, барем така известуваат сите светски медиуми.
Касилјас неодамна претрпе инфаркт, поради што докторите го советуваа да престане да се занимава со професионалниот фудбал. Шпанецот одлуката најверојатно ќе ја објави на крајот на сезоната, зашто не сака на соиграчите да им го привлече вниманието пред последните дуели во сезоната.
Шпанецот има договор со Порто до крајот на сезоната и опција за продолжување на уште една, но тоа сигурно нема да го направи.
Претседателот на клубот веќе му понудил функција во клубот, па тој речиси сигурно ќе остане во Порто.
Касилјас во Порто стигна во 2015 година, откако беше избркан од Реал Мадрид во кој помина 25 години. Со „кралевите“ освои пет шампионски титули и три во Лигата на шампиони, а со Порто минатата година беше шампион на Португалија.