Каталонците може мирно да спијат: Момче од 17 години си поигра со ѕвездите на Јувентус ?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барселона триумфираше со 2-0 на тешкото гостување кај Јувентус во второто коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ).

Каталонскиот гигант ја изненади „Старата дама“, а на теренот фантастичен беше младиот 17-годишен Педри.

Новата надеж на Барселона игра фантастично, па со него мака имаа ѕвездите на Јувентус, а најмногу Хуан Квадрадо.

Педри ги уништи фудбалерите на италијанскиот шампион. Тој имаше одлични потези и прекрасни дриблинзи, па неговата игра заслужи висока оцена.

Во продолжение може да погледнете што правеше 17-годишното момче, па Каталонците може да спијат мирно затоа што нивната иднина е светла со вакви млади таленти.