Каталонците немаат среќа: Барселона го купила Депај, но Ла Лига вмешала прсти!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона долго време се поврзуваше со трансфер на Мемфис Депај, а сега пристигнаа информации дека тие се договориле со Лион и фудбалерот, но шпанската Ла Лига го стопирала трансферот.

Каталонските медиуми објавија дека Ла Лига не дозволила Депај да биде регистриран затоа што Барселона го надминала лимитот за плати договрен како мерка против финансиската криза.

Депај требало да биде платен пет милиони евра од Барселона, плус 10 милиони исплатени како бонуси за трансферот.