Каталонците прават ремонт на лето: Барселона веќе отпиша тројца фудбалери


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона сезонава не игра како што се очекува од нив, но Каталонците и понатаму се во игра за трофеите во Ла Лига и Лигата на шампиони.

Каталонскиот гигант е на пауза поради пандемијата на коронавирусот и сигурно добро ќе им дојде одморот, но тие веќе размислуваат и за летниот преоден рок.

„Мундо Депортиво“ објави дека Барселона ќе направи неколку промени на лето, а веќе тројца фудбалери се отпишани од клубот и тоа се Иван Ракитиќ, Самуел Умтити и Артуро Видал.

Покрај нив на листата за продажба се наоѓа и Филипе Кутињо, кој е на позајмица во Баерн Минхен, па ќе мора да се најде купувач за него.