Каталонците треба да се плашат: Модриќ на тренинг покажа дека е подготвен за „Ел Класико“ (Видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Реал Мадрид денеска ќе ја пречека Барселона во првото „Ел Класико“ за оваа сезона, а двете екипи се наоѓаат во одлична форма и немаат пораз во шпанската Ла Лига.

Шпанскиот првак на социјалните мрежи објави видео од тренинг на кое во главна улога беше Лука Модриќ, кој покажа дека е подготвен за дербито против Барселона.

Хрватот беше во незгодна позиција, но сепак постигна атрактивен гол и ги воодушеви неговите колеги, а може да се забележи дека во Мадрид владее одлична атмосфера пред дербито, кое се игра од 16.15 часот.