Каталонците во исчекување: Меси ќе биде стартер против Интер?


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси би можел да биде во тимот во второто коло од Лигата на шампиони против Интер, кој се игра во среда на „Камп Ноу“.

Каталонски „Спорт“ објави дека Аргентинецот од повредата се рехабилитирал побрзо од очекуваното и доколку во наредните два дена нема компликации, јасно е дека Меси би можел да заигра.

Дури постои можност најдобриот фудбалер на Барселона да биде во стартниот состав на Каталонците за големото дерби во елитното натпреварување.

Аргентинецот се повреди на 24 септември во дуелот со Виљареал, а сезонава одигра само два меча, односно 90 минути во шпанската Ла лига.

Да потсетиме, Барселона на стартот на елитното натпреварување одигра 0-0 против Борусија Дортмунд.