Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинската ѕвезда Лионел Меси одигра 10 меча по ред, а најверојатно тоа има одредено влијание за тоа што тој не е на врвно физичко и психичко ниво.
По уште едно реми во Ла Лига, Барселона собра само два од можни 12 бодови и така за момент испадна од шампионската трка, иако е уште рано за такво нешто.
Реал Мадрид има високи осум бодови предност, а тоа е во моментов огромна предност пред лутиот ривал од Каталонија.
Меѓутоа, во Шпанија повеќе се зборува за првата ѕвезда на Барселона, кој само пред четири дена одигра одличен меч против Јувентус, а против Алавес изгледаше очајно.
Нешто слично се случуваше и во поразите од Реал Мадрид и Хетафе, а слично беше и против Севиља. Па, се поставува прашањето што ја мачи аргентинската ѕвезда.
Меси во претходните сезони на првите шест меча во Ла Лига имаше секогаш најмалку три постигнати гола. Тоа му се случи во 2007/08 кога на крајот стигна до 16 голови, што е многу помалку од „стандардните“ 38 колку што постигна во следната сезона.
Со три гола во првите шест меча ги отвори и натпреварувачките сезони во 2010/11 и 2015/16.