Каталонски „Спорт“ ги откри деталите од договорот меѓу Агуеро и Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро си заминува од Манчестер сити по крајот на сезоната и ќе потпише двегодишен договор со Барселона.

Официјална потврда се очекува во текот на денот, а по потписот за Барселона, Аргентинецот веднаш ќе замине на подготовки за Копа Америка.

Агуеро вчера испрати порака за збогум до навивачите на премиерлигашот, кои засекогаш ќе го паметат како легенда на клубот.

„Горд сум на тимот и тоа што го носев овој дрес неколку години. Манчестер сити – засекогаш во моето срце“, кажа Агуеро.

Агуеро во претходните 10 години одигра вкупно 390 натпревари за „граѓаните“ и постигна дури 260 голови.

Аргентинецот освои 15 трофеи, од кои пет беа во Премиерлигата, но остана без трофејот во Лигата на шампиони, каде што загуби од Челси.