Каталонците ја потврдија информацијата: Челси го сака назад Бразилецот на Островот…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Се уште ништо не е конечно, англискиот клуб и натаму верува во можноста за трансфер следното лето. Казната секако ќе следува, но можеби ќе биде слушната молбата да не почне од ова лето.

Причината е јасна, следи продажба на најдобриот. Еден Азар полека се подготува за заминување на Пиринеите во редовите на Реал Мадрид.

Со заминувањето на Белгиецот останува дупка во планот на игра на тимот од „Стемфорд Бриџ“, меѓутоа челниците имаат две опции за негов наследник.

Прво се споменуваше, дека се работи за Николи Пепеу играчот на Лил кој доминира оваа сезона во Лига 1, единственото чудо на ПСЖ, Килијан Мбаше има подобри бројки од него.

Втората опција по пишувањата на Мундо Депротиво е играчот на Барселона, Филипе Кутињо. Бразилецот не ги минува најубавите моменти на „Камп Ноу“.

Навивачите тргнаа да го исвркуваат на неколку натпревари, Кутињо им одговори со прослава на погодокот против Јунајтед затворајќи ги ушите.

Каталонците и натаму пишуваат дека Челси е подготвен да понуди до 100 милиони евра, за потсетување Барселона пред една година ги чинеше 140 милиони евра.

Останува да се види дали ќе се врати на Островот, а тоа секако ќе биде решение за обете страни.