Катарски бизнисмени прават „италијански ПСЖ“ во Рим!?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во последно време се шпекулира за нов проект на богатиот сопственик на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи.

Сите италијански медиуми, како и француски „Л’Екип“ пишуваа дека Ал-Келаифи сака да ја купи Рома.

Според францускиот медиум, газдата на Рома, Џејмс Палота одбил понуда од „Катар Спортс Инвестментс“, компанијата чиј сопственик е токму Ал-Келаифи.

Сепак, исто така се шпекулира дека Ал-Келаифи нема да се откаже, па „Марка“ пишува дека неговиот план е изградба на „италијански ПСЖ“.

Наводно, газдата на парижаните ќе се обиде преку други луѓе да го купи тимот од Рим, а изборот паднал на нив поради богатата историја.

Исто така, Рома планира изградба на нов стадион, па катарскиот бизнисмен би можел да помогне финансиски во реализација на проектот.