Катастрофа: Македонија освои само бод против Фарски Острови


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација разочара против Фарски Острови (1-1) на почетокот на новото издание на ЛИгата на нации.

Фарски Острови по само девет минути постигна гол за водство, кога Давидсен од пенал ја затресе мрежата на Димитриевски.

Македонија нападна во вториот дел, а до израмнување стигна во 49. минута кога Енис Барди стрелаше за 1-1.

Нашите репрезентативци напаѓаа и во продолжение од средбата, но немаше кој да постигне гол за победа.

Фото: ФФМ