Катастрофа: Ова е најлошиот Манчестер јунајтед во историјата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед загуби на гостувањето кај Кристал Палас со 0-4 во 35. коло од Премиерлигата и така испиша негативен рекорд.

Тренерот Ерик Тен Хаг и неговите избраници повторно разочараа, односно го запишаа 13. пораз оваа сезона, а такво нешто досега не се случило во историјата.

Статистички ова е најлошиот Манчестер јунајтед во историјата на Премиерлигата, а загрижувачки податок е тоа што Јунајтед прими 81 гол во сите натпреварувања оваа сезона.