Катастрофа за Македонија – пораз од 1-7 против Велс во Кардиф


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација доживеа тежок удар губејќи со 1-7 од Велс во Кардиф, што е еден од најголемите порази во поновата историја на тимот, во последното коло од квалификациите за Светското првенство.

Натпреварот започна неповолно за тимот на Милевски – домашните поведоа рано со головите на Вилсон и Брукс. Единствена светла точка беше голот на Боја Миовски во 23. минута, кој на кратко ја врати надежта на Македонија.

Но, пред крајот на првото полувреме, Велс притисна и го зголеми водството на 3-1. Второто полувреме беше уште послабо за Македонија. Џејмс постигна нов гол за 4-1, а со продолжување на слабите реакции во одбраната, Вилсон додаде уште два погодоци. На самиот крај, Бродхед го постави кончниот резултат – разочарувачки 7-1 за Велс.