Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ешли Јанг вчера одигра кошмарен натпревар против Барселона на „Олд Трафорд“ во кој неговиот тим загуби со 1:0.
Искусниот фудбалер играше по десната бековска позиција на Манчестер Јунајтед и често беше на противничката половина.
Но она што го направи на теренот е еднакво на 0 (нула) и токму затоа ја доби најниската можна оцена од фудбалските аналитичари, 1.
Имено, Јанг, верувале или не имаше дури 32 изгубени топки на вчерашниот натпревар, а упати вкупно 11 центаршути од кој ниту еден не беше успешен.
Неодамна, Јанг го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед и според него тој сега заработува 120.000 фунти неделна плата.