Катастрофални вести за Барселона, Флик повторно ќе ги проколнува репрезентативните обврски


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Бразил синоќа во пријателски меч беше поразен од Франција (1:2), а лошите вести од овој натпревар допреа до Ханси Флик и Барселона.

Бразил и Франција почнаа со подготовки полна пареа за Светското првенство што нè очекува летово во Америка, Канада и Мексико.

Јасно е дека овие селекции ќе бидат меѓу главните фаворити за освојување на златниот медал, а синоќа во пријателски натпревар можевме да го следиме нивниот дуел.

На крајот, Французите имаа повеќе причини за задоволство, бидејќи успеаја да слават против Бразилците со 2:1.

Шпанските медиуми известуваат дека Рафиња се повредил во првото полувреме и ситуацијата не изгледа добра, а репрезентативните обврски на овој Бразилец би можеле да бидат тежок удар за Барселона во најважниот дел од сезоната.

Се сомневаат дека Рафиња повторно ја обновил повредата заради која неодамна беше отсутен два месеци од терените и не е исклучено дека за него оваа сезона е завршена.