Кавани ја прифати казната – се извини и ќе паузира три меча!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Едисон Кавани ја прифати казната на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) поради непримерен говор и се извини ако навредил некого.

Кавани во четвртокот беше суспендиран на три меча и казнет со 100.000 фунти затоа што на социјалните мрежи употребил расистички коментар.

ФА тој прекршок го оцени како тежок и затоа реши Кавани да го казни со три меча суспензија.

„Сакам да споделам со вас дека ја прифаќам казната, но не се сложувам со одлуката. Се извинувам ако навредив некого со израз наменет кон пријател, што не беше моја намера. Моето срце е на место и знам дека секогаш љубезно сум се изразувал“, вели Кавани.

Кавани ќе ги пропушти натпреварите против Астон вила, Манчестер сити и Вотфорд.