Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиските медиуми пишуваат дека уругвајскиот репрезентативец, Единсон Кавани е подготвен да одбие секаква понуда од Манчестер Јунајтед.
„Ѓаволите“ по се изгледа ќе останат без Ромелу Лукаку, па токму затоа им е потребна адекватна замена. Наводно, Кавани бил една од опциите, но „Мирор“ пишува дека играчот ќе одбие секаква понуда од Јунајтед.
32 годишниот Кавани има договор со францускиот шампион до 2020 година, но можно е да си замине од клубот уште ова лето.
Сезонава што измина постигна 23 погодоци и запиша девет асистенции на вкупно 33 натпревари.