Кавани си ја оствари желбата и доби нов клуб!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Едисон Кавани ќе биде ново засилување на аргентинскиот гигант Бока јуниорс.

Овој фудбалер се поврзуваше со многу тимови, а последен сериозен клуб за неговите услуги беше Виљареал, но сепак Уругваецот сакаше да се врати во Јужна Америка и му се оствари желбата.

Кавани на крајот го доби тоа што го сакаше, па од следната сезона ќе игра за Бока јуниорс, иако и Борусија Дортмунд планираше да потпише договор со него.

Уругваецот има 35 години, а во текот на кариерата играше за Палермо, Наполи, ПСЖ и Манчестер јунајтед.