Казинс ги провоцираше навивачите, а тиа го „избањаа“ со пиво (Видео)


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Обезбедувањето и придружбата мораа да го задржат ДеМаркус Казинс (34) за да не втрча во публиката и да се пресмета физички со навивачите за време на натпреварот. Поранешната ѕвезда на НБА лигата, денес член на порториканскиот тим Метс де Гвајнабо, се расправаше со навивачите, а при излегувањето од салата започна и тепачка со некои од нив.

Сето тоа се случи за време на натпреварот против Вакиерос де Бајамон во првенството на Порторико, а ситуацијата ескалираше кога влегуваше во тунелот кон соблекувалната. Публиката тогаш почна да ја истура пијалак по него, што го налути до толкава мера што се сврти и тргна кон нив.

И за време на натпреварот беше во конфликт со навивачите. Пред еден од нив го фати меѓуножјето и тргна во пресметка пред да го сопрат соиграчите, а гневот го завладеа целосно откако беше исклучен.

Фото: Принтскрин