Казна или нешто друго? Џака нема да игра ниту против Вулверхемптон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Арсенал, Унај Емери кажа дека Гранит Џака нема да биде во тимот за мечот против Вулверехемптон во сабота, но за таквата одлука не кажа конкретна причина.

Џака во претходните недели беше во центар на внимание по инцидентот со навивачите на лондонскиот клуб во дуелот со Кристал Палас во недела.

Во меѓувреме не играше меч од Лига Купот против Ливерпул, а во петокот се извини поради непримерните реакции кон навивачите.

„Инцидентот кој се случи бара време за да помине тоа. На Џака му е потребно. Се извини поради тоа и фокусиран е на неговата подготовка“, кажа Емери.

Арсенал по 10 кола во Премиерлигата се наоѓаат на петто место со 16 бодови.