До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Хари Кејн ја разјасни мистеријата зад својот неподвижен поглед по натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Баерн и Реал Мадрид. Капитенот на англиската репрезентација остана стоејќи како закопан додека навивачите ги честитаа играчите, што на социјалните мрежи предизвика лавина одгатки, пишува Goal.com.
По победата на Баерн од 2:1 против Реал, фотографиите на Кејн како неподвижно зјапа во трибините брзо се проширија на интернет. Додека неговите соиграчи им аплаудираа на навивачите, напаѓачот остана фиксиран на едно место, изгледајќи како да е во длабок транс додека ја впива атмосферата.
Приказот веднаш поттикна расправа. Некои мислеа дека е под импресиите за важноста на моментот, додека други се прашуваа дали размислува за својата долготрајна потрага по првиот голем трофеј во кариерата.
Сепак, плодниот напаѓач сега ја разјасни ситуацијата, истакнувајќи дека за неговото однесување имало многу практична и сентиментална причина. Коментирајќи ја снимката која во меѓувреме стана вирална, 32-годишникот откри дека едноставно се обидувал да ја пронајде својата фамилија меѓу илјадниците навивачи.
“Таму ми беше фамилијата”, објасни Кејн. “Се обидував да ја пронајдам сопругата и фамилијата, но не успеав да ги видам. Знам дека некаде се таму.”
















