Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, рече дека актуелниот состав е најдобриот кој кога било постоел, како и дека на Светското првенство наредната година ќе бидат еден од фаворитите.
„Изградивме нешто и имавме одлична година со новиот селектор (Томас Тухел), а сега со нетрпение ја очекуваме големата 2026 година. Мислам дека ова е најдобрата екипа што сме ја имале некогаш. Кога ќе ја погледнете стартната постава и клупата, мислам дека на Светското првенство ќе бидеме еден од фаворитите. Мораме да го прифатиме тоа. Ова се случува веќе неколку турнири и тоа е составен дел од играта”, рече Кејн по завршувањето на натпреварот против Албанија за британскиот ИТВ (ITV).
Фудбалерите на Англија ја победија во Тирана селекцијата на Албанија со 2:0, во натпреварот од последното, осмо коло на Групата К од квалификациите за Светското првенство.
Англија ја заврши групната фаза со сите осум победи и максимални 24 бодови, со гол-разлика 22:0.















